Дома Фудбал Англија Официјално: Бенитез е нов тренер на Евертон

Официјално: Бенитез е нов тренер на Евертон

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Рафа Бенитез денес и официјално беше назначен за нов тренер на Евертон.

61-годишниот Шпанец потпиша договор на 3 години со „карамелите“ и така ги изневери навивачите на Ливерпул.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој работата во Евертон ќе ја започне на 5-ти јули, но неговото назначување може да има негативни импликации бидејќи фановите никако нема да му го простат неговото минато на „Енфилд“.

Тој во 2007 година го нарече Евертон „мал клуб“, па фановите се уште не му ја простиле таа изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим сакаше да ги отпише, но Керик верува во нив: Јунајтед подготви нови договори за двајца играчи!

Коби Мејнo и Хари Мегваер наскоро треба да потпишат нови договори со Манчестер Јунајтед, с…