Раководството на Барселона денес и официјално го потврди трансферот на Бразилецот Артур од Гремио.
Двата клуба веќе подолго време беа во преговори, па конечно беше најден заеднички јазик.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Каталонците за потписот на Артур ќе платат 30 милиони евра веднаш, плус 10 милиони евра преку разни бонуси.
[BREAKING NEWS] Agreement for Arthur transfer. https://t.co/KZWyOoVj52
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 11, 2018
Артур ќе пристигне на „Камп Ноу“ во јануари 2019 година, а уште сега ќе потпише 5-годишен договор со Барселона.
21-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Бразил и за него силен интерес покажуваа многу европски гиганти.