Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новото засилување за Арсенал, потврди денес клубот од „Емирати“.
21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Локонга оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следеа.
Арсенал ја доби битката за неговиот потпис и на Андерлехт му плати 17,5 милиони фунти.
„Тоје многу интелигентен фудбалер. Разговарав со Винсент Компани и тој ми кажа позитивни работи за момчето. Веруваме дека е подготвен за новиот предизвик“, изјави тренерот Артета.
Welcome to north London, Albert! 👋
— Arsenal (@Arsenal) July 19, 2021