Иван Перишиќ игра одлично оваа сезона во Интер.
Хрватскиот фудбалер до сега постигна седум погодоци и запиша шест асистенции на 15 натпревари за лидерот на Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Интер во текот на летото беше на чекор од Манчестер Јунајтед. Тренерот Жозе Мурињо инсистираше на негово доведување. Клубот од „Олд Трафорд“ испрати повеќе понуди на адреса на Интер , кој има проблеми со финансискиот фер плеј, но од „Џузепе Меаца“ одлучија да ги одбијат сите понуди.
За таков епилог најзаслужен бил стратегот Лучијано Спалети кој го убедил Хрватот да остане, пишува „Калчомеркато“.
„Остани во Интер и твојата кариера ќе се промени“, наводно биле зборовите со кој Спалети го убедил Перишиќ да остане.