Реал чека, Челзи му нуди договор, но…
Алфонс Ареола е одличен голман, но не е топ класа, а шеиците го сакаат само она најдоброто. Не е тајна дека во наредниот период ќе се обидат дополнително да го засилат ѕвездениот тим. Но, она што беше тајно, барем до сега е состанокот кои челниците на Пари Сен Жермен го организирале со Тибо Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиската ТВ станица „RTBF“ тврди дека состанокот бил одржан во понеделникот во еден лондонски хотел. Она што посебно ќе ги заболи навивачите на „сините“ е следното – после поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед. Токму тоа сигурно е една од причините поради која се требало да остане во тајност, но кога си Тибо Куртоа тешко можеш да се сокриеш во Лондон.
Како и да е, на состанокот присуствувал и неговиот татко Тиери, се наведува дека состанокот бил поделен на два дела. Се зборувало за се, секако и за сумата која би била доволна за Тибо да го избере Париз.
Наводно, Куртоа сака тим со кој би можел да ја нападне Лигата на шампионите, а во ПСЖ и покрај тоа што имаат фантастичен тим се уште немаат победнички менталитет што можеше да се види натпреварот против Реал Мадрид. Се наведува дека Белгиецот се сомнева во целиот проект и се уште не го гледа ПСЖ како дел од фудбалската елита.
Договорот на Куртоа со Челзи му истекува на лето 2019 година. Челзи му нуди нов договор со двојно поголема плата – 12 милиони евра по сезона. Тој барем засега одбива, а на него е да избере Мадрид, Лондон или Париз.