Изгледа дека Златан Ибрахимовиќ ја приведува кон крајот својата МЛС авантура и размислува за нов предизвик.
Се погласно се споменува враќањето на 38 годишниот напаѓач во Европа, а и овој пат во шпекулациите може да се прочита и името на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега работата не е сериозна како што беше случај минатата година. Реално, шансите да се врати Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ се многу мали.
Минатата година ситуацијата беше поинаква. Интезивно се шпекулираше дека Ибрахимовиќ може да се врати во Милан, а „Газета дело Спорт“ тврди дека тогаш Швеѓанецот се согласил да се врати во таборот на „росонерите“.
Сепак, тогаш трансферот бил блокиран од еден човек – Иван Газидис.
Газидис е шеф на финансии во Милан и сметал дека враќањето на Ибрахимовиќ не е исплатливо со оглед на неговата висока плата.
Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ своевремено одигра две сезони во Милан и за тој период постигна 56 голови и запиша 24 асистенции.