Дома Фудбал Англија Откриено како Солскјер го убедил Марсијал да потпише нов договор!

Откриено како Солскјер го убедил Марсијал да потпише нов договор!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунер Солскјер го уверил Марсијал дека може да го повтори патот на Кристиано Роналдо ако остане на „Олд Трафорд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вчера Французинот стави потпис на нов петгодишен договор со „црвените ѓаволи“, иако само до пред неколку месеци беше цврсто решен да го напушти клубот.

„Се разбира дека секој играч треба да сам да носи одлуки за својата кариера. Се зависи од него. Кристиано беше најдобар во однос на начинот на кој се промени. Тоа е фудбалер кој треба да се земе како пример. Зборував со Марсијал и му кажав што може да постигне во овој клуб, за сите фантастични играчи кои ги имавме“.

„Седнав и разговарав со Антони и тој сака да биде дел од нашата историја. Веруваме дека во него имаме топ играч. Јас сум во клубот 15 години и знам што може да направи Манчестер за кариерата на еден играч. Ова е најдоброто место за него“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефанзивецот го напушта Ливерпул, голем ривал веднаш испрати понуда!

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул по пет години поминати на Ен…