Францускиот голгетер Карим Бензема имал интересен предлог за претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез.
Француските медиуми откриваат дека искусниот напаѓач му предложил на Флорентино Перез да го доведе неговиот сонародник Хатим бен Арфа, кој пред неколку дена официјално потпиша за Рен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бензема сметал дека Бен Арфа може да многу да му помогне на Реал Мадрид, бидејќи станува збор за фантастичен фудбалер, кој едноставно не добил шанса во ПСЖ. Меѓутоа, Перез категорично го одбил ваквиот предлог.
Бен Арфа нема одиграно ниту еден натпревар скоро две години откако пристигна во ПСЖ, бидејќи влезе во конфликт со раководството.
Французинот ова лето стана слободен играч и на крајот на преодниот рок си најде нов клуб и потпиша за францускиот прволигаш Рен.