Дома Фудбал Италија Откриена тајна комуникација: Јувентус ги добива назад 15-те бодови?!

Откриена тајна комуникација: Јувентус ги добива назад 15-те бодови?!

Италијанските медиуми денес најавуваат пресврт во истрагата и наводно големи се шансите во Серија А да му ги врати одземените бодови на Јувентуса.

Најновите информации кои ги пренесуваат медиуми како „Газета дело Спорт“ и „Спорт Медијасет“ говорат дека адвокатите на тимот од Торино имаат адут во рацете односно пронаоѓање документи кои биле „застарени“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


 Како што тие тврделе процецот против Јувентус бил отворен на 21-ви април ,а обвинителите имаат 60 дена да спроведат истрага. Тоа би значело дека сите документи кои се добиени по 14-ти јули не треба да важат.

Исто така се тврди и дека е откриена тајна комуникација помеѓу лица од федерацијата со обвинителството што не е дозволено. Во случај да се вратат бодовите на Јувентус „старата дама“ од седмото место би „скокнала“ на второто со ист број на бодови со Интер (50).

На третата позиција во овој момент е Лацио со 48, Рома и Милан имаат по 47, Аталанта 42. Тоа би значело дека ќе гледаме супер интересна трка за местата кои водат во Лигата на шампионите. Наполи сигурен на лидерската позиција со огромни 15 бодови предност пред Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…