Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Мурињо во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Монако, Фабињо.
Мурињо и минатото лето се обиде да го донесе Фабињо на „Олд Трафорд“, но Монако не сакаше да слушне за негова продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, самиот играч потврди дека ја игра последната сезона во „кнежевството“ и на лето сигурно ќе ја промени средината.
Мурињо сака по секоја цена да го донесе во својот тим, бидејќи Фабињо е поливалентен играч кој може да игра и во средниот и како лев бек.
Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со неговиот агент Жоеге Мендес и наводно постигнал начелен договор со играчот.
Останува уште двата клуба да се договорат околу отштетата, која би требало да изнесува околу 50 милиони евра.
José Mourinho has been buoyed in his search for a new midfielder as Monaco's Fabinho has declared he wants to join Manchester United. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/x2EKZ02QDF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 6, 2018