Приоритет на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.
Прва мета е дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Клоп смета дека Карлос би бил идеален партнер во одбраната на Ван Дајк, па поради тоа е прв на листата желби.
Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, но Ливерпул сака преку преговори да ја намали цената.