Дома Фудбал Италија Открива дебитантот во Серија А: Роналдо после лудото дерби направил фантастичен гест

Открива дебитантот во Серија А: Роналдо после лудото дерби направил фантастичен гест

Наполи и Јувентус одиграа едно лудо дерби минатиот викенд во Серија А, а во тој натпревар дебитираше и Ирвинг Лозано за клубот од Неапол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи успеа да се врати од 3:0, но во финишот Калид Кулибали си постигна автогол со кој Јувентус стигна до победа. Еден од стрелците за наполи беше дебитантот во Серија А Ирвинг Лозано.

Во разговор за италијанскиот медиум, „ТУДН“ Лозано откри дека Кристиано Роналдо направил фантастичен гест после победата на Јувентус.

„Откако се постигна лудиот гол во финишот од мечот, Роналдо дојде блиску до мене и ми честиташе. Ми посака добредојде во Италија. Навистина направи еден убав гест. Тој е голем играч и уште поголем човек. Она што се случи на натпреварот е тешко да се прифати. Игравме против силен тим, Јувентус не е само Роналдо“, изјави Лозано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ја активираше првата летна „бомба“ од 60 милиони евра!

Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на левиот бек Марк Кукуреља од Челзи, објави …