Тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов пред неколку дена поради ситуацијата во Украина и инвазијата на Русија го раскина договорот со „Газпром“.
Шалке од „Газпром“ заработи вкупно 450 милиони евра. Сега додека клубот се бори за враќање во германската Бундеслига навивачите покажаа огромен интерес за новиот дрес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од Шалке информираа дека новите дресови без долгогодишниот парнер се распродадени.
„Поради огромната побарувачка за специјалниот дрес, клупската продавница во овој момент го достигна својот капацитет“, објавија од клубот.
Ќе потсетиме поради истата причина договорот со „Газпром“ го раскина и УЕФА.