Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович може да ја искористи репрезентативната пауза, за да му врачи отказ на тренерот Маурицио Сари, пренесуваат англиските медиуми.
Вчера „сините“ беа поразени од Евертон со 2:0 со што додатно ги намалија шансите за пласман во Топ 4 и обезбедување на Лига на шампиони. Челзи во моментов е на само три бода од четвртото место, но формата е загрижувачка и не дава оптимизам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот победи на само два од последните пет меча во првенството, па единствената шанса за трофеј оваа сезона е Лига Европа, каде конкуренцијата исто така не е мала.
Фановите веќе се насочија против Италијанецот, а тој сам неколку пати оваа сезона призна дека има потешкотии да ги мотивира своите играчи.
Абрамович е решен да му врачи отказ на Сари на голем проблем е кој да биде назначен за кормилар до крајот на сезоната. Притоа, новиот тренер кој ќе биде назначен ќе сака да си направи своја селекција во тимот, а трансферното ембарго на Челзи додатно ги усложнува работите.
Поради тоа англиските медиуми како големи фаворити за тренерското столче ги посочувата Џанфранко Зола, кој во моментов му е асистент на Сари, или Стив Холанд, кој е асистент на Герет Саутгејт во националниот тим.