Дома Топ вести Отворен трансфер прозороценот: Клубовите веќе потрошија 300 милиони евра!

Отворен трансфер прозороценот: Клубовите веќе потрошија 300 милиони евра!

Во првиот ден од новата година беше отворен и зимскиот преоден рок за клубовите ширум светот, а само во првите 24 часа беа потрошени скоро 300 милиони евра на трансфери.

Денес и официјално беше потврден првиот голем трансфер во 2019 година. Челзи искешира 64 милиони евра за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веќе се забележани повеке од 5000 трансфери, главно се работи за играчи кои биле слободни или порано ги имаат договорено своите нови агнажмани.

Вториот најголем трансфер го направи кинески Гуангжу Евергранде, кој на Бенфика и плати 19.2 милиони евра за Андерсон Талиска. Одличниот офанзивен играч за врска беше на позајмица во Гуангжу, а сега кинескиот клуб го откупи неговиот договор.

Потоа следува трансферот на Амаду Хаидара, кој за 18 милиони евра премина од Салцбург во Лајпциг, додека Беник Афобе за 13.5 милиони го засили Стоук од Волверхемптон.

Треба да се истакнат и трансферите на Аргентинецот Максимилијан Мезе од Индепендиенте во Монтереј за 13 милиони евра, и трансферот на хрватскиот голман Ловре Калиниќ од Гент во Астон Вила за шест милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …