Во денешното прво осминафинале селекцијата на Бразил ја оправда фаворитската улога и славеше против Мексико со 2:0.
Погодоците на средбата ги постигнаа Нејмар и Фимрино. Сепак, впечаток е дека најголемо внимание од натпреварот привлекува потегот на Нејмар со кој се обиде да исценира посериозен удар од Лајун.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Таквото однесување на Нејмар, посебно не му се допадна на селекторот на Мексиканците, Хуан Карлос Осорио кој по завршувањето на натпреварот остро ја нападна првата ѕвезда на Бразилците.
„Имавме контрола и на моемнти бевме подобар протовник. Срамота е што толку време беше потрошено само на еден фудбал. Само поради тој фудбалер имаше прекини од по пет минути. Фудбалот би требало да е машка игра, а не игра за кловнови“, изјави Осорио.
Него спомена името, но многу е јасно за кого стануваше збор…