Осмиот светски тенисер Андреј Рублев се пожали дека после седум години професионална кариера не собрал доволно пари да купи стан.
Според официјалните податоци, заработил скоро осум милиони долари од наградните фондови, но тврди дека нема за стан. Објасни и зошто.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Претходната година пет месеци мораше да ги плаќам членовите на својот тим, а немаше настапи и приходи. Барем малку заштедив на авионски карти. Заработувам, навистина, но тенисот е скап спорт и не ми останува доволно пари за големи инвестиции.“ – рече Рублев.
23 годишниот Русин освои осум АТП титули, а оваа година и тоа неодана се закити во Ротердам. Најуспешна му беше 2020. година во која освои пет турнири.
#Rublev says he does not have enough money to buy an apartment yet. "In 2020 I had to pay my team members for five months without competing due to Covid. Luckily I did not have to pay any air flight ticket. I still earned money, but tennis is a very costy sport."
— Luigi Gatto (@LuisGatTWI) March 15, 2021