Дома Фудбал Англија Она што сите го чекаа: Венгер по поразот се огласи за Обамејанг и Жиру (ВИДЕО)

Она што сите го чекаа: Венгер по поразот се огласи за Обамејанг и Жиру (ВИДЕО)

Арсенал вечерва ги разочара своите фанови, со поразот на гостувањето јкај Свонси од 3:1, но расположението кај фановите би требало да го поправи пристигнувањето на Пјер Емерик Обамејанг од Дортмунд, што медиумите во текот на целиот ден го најавуваат како реализиран договор.

Работата, сепак не е официјализирана, па новинарите веднаш по мечот му поставија прашање на Венгер на таа тема.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Се ќе знаеме утре изутрина“, кратко одговори Венгер.

Стратегот на Арсенал изненади што вечерва во составот го остави Оливие Жиру, кој треба да премине во Челзи. Францусскиот напаѓач влезе во игра во второто полувреме, при водството од 2:1 за домашните, но не успеа да донесе пресврт.

По мечот замина кај навивачите на Арсенал ги поздрави, што е уште една потврда дека Жиру вечерва го одигра својот последен меч во дресот на „Топчиите“.

А, што вели Венгер?

„Можно е, но како што реков се ќе се знае утре изутрина. Ќе ве известиме кога се ќе биде дефинитивно“, истакна Венгер пренесува Скај Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, се враќа во Англија каде што ќе продолжи со тренинз…