Дома Фудбал Англија Онана: Сакаме Ван Нистелрој да остане!

Онана: Сакаме Ван Нистелрој да остане!

Ван Нистелрој на клупата на Манчестер јунајтед по доаѓањето како привремено решение на местото запиша две победи во неговите три натпревари и фудбалерите се задоволни од неговата работа.

Манчестер јунајтед прикажува солидна игра под водство на славниот голгетер, меѓутоа тој е тука само до доаѓањето на Рубен Аморим кој треба да пристигне по овој викенд.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Вчера во Лигата на Европа по три нерешени средби, „црвените ѓаволи“ со Ван Нистелрој го забележаа и првиот триумф против грчки ПАОК. По натпреварот голманот Андре Онана и отворено порача дека сите во соблкеувалната сакаат Ван Нистелрој да остане во стручниот штаб.

„Сите сакаме Ван Нистелрој и понатаму да биде во стручниот штаб. Навистина е пријатен човек и одличен тренер. Среќни сме под негово водство, се гледа тоа и на теренот. Сепак, ние не се прашуваме, раководството е одговорно за тие работи. Се што ќе биде одлучено наше е да го прифатиме“, изјави Онана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…