Дома Фудбал Омилениот гол на Бензема во дресот на Реал, му асистирал Ван Нистерлој

Омилениот гол на Бензема во дресот на Реал, му асистирал Ван Нистерлој

Реал Мадрид синоќа славеше со 6-1 против Мајорка и се врати на врвот во Ла Лига, а одлични на теренот беа Марко Асенсио кој постигна хет-трик, додека Карим Бензема даде два гола.

Францускиот фудбалер постигна голови во третата и 83 минута од мечот, а вториот гол беше негов јубилеен 200 во дресот на „кралевите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бензема стана десетти фудбалер кој стигнал до оваа бројка во шпанскиот шампионат, а за медиумите откри кој му е омилен гол за Реал Мадрид.

„Овој клуб е целиот мој живот и горд сум на тоа. Се надевам дека ќе постигнам уште многу голови. Се обидувам да играм свој фудбал, кој го сакам. Мојот омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот на асистенција на Ван Нистелрој“, вели Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за Трапановски – ќе паузира половина година!

Лоши вести пристигнуваат за македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски, кој ќе мор…