Дома Фудбал Англија Озил го прекина молкот: Тажен сум затоа што клубот не ме сака

Озил го прекина молкот: Тажен сум затоа што клубот не ме сака

Плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил остана многу разочаран што тренерот Артета не го вклучи во групата на фудбалери пријавени за настап во Премиер лигата.

Германецот, кој е во последната година од договорот, одби да го напушти Арсенал, а сега преку соопшение ја отвори душата и порача дека е тажен што клубот не го сака.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тешко ми е што ова им го пишувам на навивачите на Арсенал. Многу сум разочаран што клубот не ме пријави за Премиер лигата. Откако во 2018 година го потпишав новиот договор, му се обврзав на верност на клубот што го сакам. Тажен сум што тоа не ми е возвратено. Во денешно време очигледно е тешко да покажеш верност. Се обидував, од недела во недела, да останам позитивен, се надевав дека ќе добијам шанса и дека ќе се вратам во тимот. Поради тоа досега молчев. Пред паузата со коронавирусoт бев среќен како се одвиваа работите со новиот тренер Микел Артета. Бевме на вистинскиот пат, играв на добро ниво“.

„Потоа работите се променија. Не ми даваа да играм за Арсенал. Што повеќе можам да кажам. Лондон се уште го чувствувам како свој дом, овде имам многу пријатели и чувствувам голема поврзаност со навивачите. Без оглед на се нема да дозволам мојата осма сезона во клубот вака да заврши. Оваа одлука нема ништо да смени кај мене. Ќе продолжам да тренирам и секогаш ќе го кревам гласот против нехуманоста“, порача Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …