Дома Фудбал Италија Од Јувентус тврдат: Роналдо мораше да биде најдобар!

Од Јувентус тврдат: Роналдо мораше да биде најдобар!

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи смета дека наградата за најдобар фудбалер во светот морал да ја добие Кристиано Роналдо, а не Лионел Меси.

Меси го освои престижното признание од страна на ФИФА на церемонијата во понеделникот во Милано. На таа церемонија Роналдо не се појави, а покрај Португалецот и Аргентинецот потесна конкуренција се најде и Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак во Јувентус немаат дилеми кај кого требало да заврши таа награда.

„Разочарани сме од одлуката. Го почитуваме Меси, тој е голем играч. Меѓутоа сметаме дека Роналдо ја заслужи наградата. Минатата сезона ја освои Лигата на Нации со репрезентацијата и Серија А и Суперкупот на Италија со нашиот клуб“, изјави Партичи.

Роналдо на гласањето освои 36 поени и заврши на третата позиција. Меси доби 46, а Ван Дајк 38.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…