Дома Фудбал Лига на шампиони Од Јувентус искрени: Не се жалиме, можеше да биде полошо

Од Јувентус искрени: Не се жалиме, можеше да биде полошо

Павел Недвед беше релативно задоволен после ждребот во осминафиналето каде што Јувентус за противник ја доби екипата на Лион.

Јувентус минатата година се мачеше во двомечот со Атлетико, а оваа година барем на хартија доби полесен ривал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Можеше да биде и полошо. Не можеме да се жалиме, со оглед на тоа дека минатата година го извлековме Атлетико. Меѓутоа во Лигата на шампионите морате да бидете внимателни против кого и да играте“.

„Не е важно кој ни е противник, туку да бидеме во добра форма во тој момент. Не би кажал дека сме опседнати со титулата, само тоа е наша цел. Чуствуваме дека сме на исто ниво со останатите клубови кои сакаат да го освојат ова натпреварување“, изјави Недвед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѕвезда на Барселона доби повик од Енрике, веднаш следеше одговор

Луис Енрике сега е во центарот на вниманието поради историската победа во финалето на Лига…