Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Од фудбалот заработуваше 225 евра, а денес ќе дебитира на Европско првенство!

Од фудбалот заработуваше 225 евра, а денес ќе дебитира на Европско првенство!

Една од најневеројатните приказни на ЕП 2024 во Германија е поврзана со репрезентацијата на Словачка.

Вернон де Марко е 31-годишен Аргентинец кој може да игра на позициите стопер и лев бек, а на ЕП ќе ја претставува Словачка. Она што е особено впечатливо е патот низ кој помина за да ги оствари своите фудбалски соништа и да дојде во ситуација да игра на едно Европско првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговото семејство побегна од Аргентина во 2001 и прво се пресели во Австрија, а потоа во Шпанија.

„Ја напуштив Аргентина кога имав десет години и почнав да играм фудбал на 12 години, пред тоа тренирав кошарка“, призна за „Добл Амарила“.

Неговиот живот во Мајорка не бил лесен, тој играше аматерски фудбал во тимот на Костенца и заработувал 225 евра месечно.

„Бев активен во шпанската четврта лига и платата ми беше мизерна. Заработував 225 евра месечно и едвај ги покривав патни трошоци“, изјави Вернон, кој потоа почнал да го комбинира фудбалот со други работи.

„Сакав да живеам сам и почнав да работам како келнер во хотел. Дури размислував да го напуштам фудбалот“, додаде тој.

Сепак, пресвртница во неговиот живот се случи во 2012 година, кога добил повик кој му го променил животот.

„Беше среда околу 23:00 часот, бев во кино со пријателите и ми се јави агентот да види дали сакам да си ја пробам среќата во втората лига на Словачка. Морам да признаам во тој момент не знаев каде е Словачка на мапа, па морав да ја побарам и да размислам. По одредено време ја прифатив понудата и тоа е најдобрата одлука која сум ја донел“, изјави Де Марко.

По потписот за Землин Михаловце во словачката втора лига неговата кариера тргна во добар правец, па во 2015 година беше унапреден во повисок ранг, а една година подоцна потпиша за гигантот Слован од Братислава.

Потоа следеше преселба во Лех Познањ во 2017 година, за да се врати во Слован четири години подоцна и да добие словачко државјанство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…