Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го избра името за новото клупско натпреварување кое ќе започне од сезоната 2020/21.
Имено, покрај Лигата на шампиони и Лига Европа ќе започне уште едно натпреварување кое ќе се вика Конференциска лига, открива германскиот весник „Билд“.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Новото натпреварување и Лига Европа ќе имаат ист формат – осум групи со по четири клуба од кои победниците одат во нокаут фазата.
Пред групната фаза ќе има плеј-оф за второпласираните од групата со третопласираните од Лига Европа. Идејата е бројот на клубови во Лига Европа да се намали од 48 на 32, а остатокот да се префрли во Конферециската лига.
Победникот од ова ново европско натпреварување ќе се пласира директно во Лига Европа следната сезона. Клубовите во ова натпреварување ќе поделат 240 милиони евра.