Дома Македонски спорт Мак фудбал Од сениори, па до младински категории: Македонија победува само тотални аутсајдери – и тоа минимално!

Од сениори, па до младински категории: Македонија победува само тотални аутсајдери – и тоа минимално!

Катастрофална репрезентативна пауза е зад Македонија – сениорската, селекцијата до 21 година и онаа 19 не можат да се пофалат со премногу добра игра и добри резултат.

Ќе започнеме од сениорската репрезентација која одигра два пријателски натпревари во Анталија против Молдавија и Црна Гора. Селекторот Благоја Милевски пред двата натпревари најави дека овие два дуели ќе бидат искористени да се пробуваат нови варијанти, но ние – ништо ново не видовме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без разлика што во прашање се пријателски натпревари еден гол во два натпревари против Молдавија и Црна Гора е премалку споредбено со нашите амбиции и очекувања кои ги имаме од репрезентацијата. Единствениот гол кој го постигнавме беше дело на Бојан Миовски пред крајот на првото полувреме во натпреварот против Молдавија.

Не разликуваа многу и двата натпревари, против Молдавија имавме некоја шанса повеќе, но немавме некоја посебно изразита доминација. Против Црна Гора го имавме поседот на топката, меѓутоа како да бевме без идеја во нападот, Јоветиќ тоа го казни и го загубивме натпреварот.

Зачудува изјавата на селекторот Милевски по овој натпревар истакнувајќи дека е задоволен од она што го видел и дека Македонија доминирала.

МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈА 1:0

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 0:1

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА

Ќе продолжиме со репрезентацијата до 21 година предводена од Драган Канатларовски која во овие дуели ја забележа единствената победа која веројатно нема многу да значи во квалификациите. И тоа беше победа против аутсајдерот Гибралтар минимална 1:0. Шведска во вториот дуел денеска секако беше фаворит и таа фаворитска улога ја оправда со победа од 0:2.

МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 1:0

МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 0:2

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ

Репрезентацијата до 19 години исто така не може да се пофали со добри резултати бидејќи беше поразена од Украина и Швајцарија во квалификациите за ЕП, а одигравме нерешено против Летонија. Во овие три натпревари примивме пет гола и постигнавме само еден, ист биланс како и Летонија која се сметаше за аутсајдер во групата.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 0:2

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0:2

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 1:1

Ако собереме се од овие три селекции македонските селекции постигнале само три гола и тоа против Молдавија, Гибралтар, Летонија…„аутсајдер до аутсајдер“!

Ако идеме во подолните селекции и таму не може да се пофалиме со кој знае какви резултати затоа што репрезентацијата до 18 години која ја води Вујадин Станојковиќ на „Анталија Куп“ во Турција загуби од Молдавија (0:1) и ја победи Естонија со 0:3.

Oваа репрезентација денес (18:00) треба да го одигра и натпреварот од третото коло против Турција. Сепак и да ја победиме тука Турција тоа не би придонело за некое поголемо задоволство кога ќе ја погледнеме комплетната слика…

Репрезентацијата до 16 години на Раде Каранфиловски претрпе два порази во пријателските натпревари со Австрија…

Очигледно е дека некои работи не се во ред и веројатно промени се неопходни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…