Бразилскиот фудбалер Нејмар и понатаму е тема на шпекулации во летниот преодениот рок.
Нејмар веќе со недели се поврзува со заминување од ПСЖ откако наводно порачал дека сака да се врати во Барселона. Овие клубови веќе некое време преговараат за Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се обиде да го доведе Нејмар на позајмица, но ПСЖ таа понуда експресно ја одби. Исто така каталонскиот клуб го нудеше и Фелипе Кутињо како дел од трансферот, меѓутоа во Париз ја одбија таа понуда.
Ставот на ПСЖ е јасен и Нејмар Барселона може да го добие само на два начини.
Првиот е да плати 230 милион и евра, а вториот за Нејмар да плати 100 милиони евра и во спротивен правец да ги испрати Осман Дембеле и Нелсон Семедо.
Останува да видиме дали овие услови се прифатливи за Каталонците.