Дома Фудбал Англија Од очај до екстаза: Сити со епски пресврт до шампионска титула 🎥

Од очај до екстаза: Сити со епски пресврт до шампионска титула 🎥

Исклучително драматичен финиш во последното коло од Премиер лигата. Сити со пресврт успеа да ја победи Астон Вила 3:2) и ја освои шамионската титула.

На „граѓаните“ им беше потребна победа во последното коло, но работите не тргнаа најдобро за тимот на Пеп Гвардиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мети Кеш со глава погоди во мрежата на Едерсон во завршницата од првото полувреме и Астон Вила со предност замина на полувреме. Во вториот дел Кутињо зголеми на 0:2 и се чинеше дека Сити нема да може да се исвлече од таквата ситуација.

Потоа домаќините успеаа да постигнат три гола за пет минути и дојдоа од очај во екстаза. Најпрво погоди Гундоган, потоа Родри од далечина израмни, а пресртот го комплетираше Гундоган.

Ливерпул го победи Вулверхемптон, но сепак победата беше пирова и остана на второто место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…