Дома Фудбал Останато Од Кардиф му одговорија на Нант: Дали ќе ги исплатат парите за Сала?

Од Кардиф му одговорија на Нант: Дали ќе ги исплатат парите за Сала?

Од Кардиф Сити се огласија откако што Нант им испрати официјално известување за каснењето за исплатата на Емилијано Сала.

Аргентинецот исчезна на 21. јануари кога од Франција се враќаше за Кардиф, каде што требаше да се приклучи на новиот клуб, а како што и се очекуваше, авионот се сруши во морето и беше јасно дека не постојат речиси никакви шанси да преживеал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Додека сите чекаат авионот да се извлече на површина и да се утврдат причините за несреќата, во Нант се заканија на судот во Кардиф, бидејќи до денеска не примиле ништо од 17 милиони евра колку што изнесуваше надоместот за потписот на Сала. Иако законски имаат многу право на ваков потег, тешко е да се фокусира само на работата и финансиите, а да се исклучи трагедијата која се случи.

Сега се огласија и од Кардиф, велејќи дека ќе го почитуваат договорот, но не додека не биде решен овој случај.

„Ситуацијата е чувствителна, но можам да потврдам дека и Нант е во право. Искрено, не би зборувал многу за тоа. Најважна причина поради која се уште не испративме пари е тоа што телото се уште не е идентификувано. Мораме да го испочитуваме семејството. Рано е за такви работи. Ќе платиме кога ќе биде време за тоа. Кардиф никогаш не рекол дека нема да ги уплати парите“, изјави претседателот на клубот.

Кардиф парите за Сала ќе ги намири од осигурувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …