Дома Фудбал Останато Од дното до ѕвездите – Пред шест години: „Животот без пари е сра*е“, а сега ќе игра финале во Лигата на шампионите!

Од дното до ѕвездите – Пред шест години: „Животот без пари е сра*е“, а сега ќе игра финале во Лигата на шампионите!

После 11 години Ливерпул повторно игра едно финале во Лигата на шампионите, против Реал Мадрид на 26 мај во Киев.

Според она што го гледавме во досегашниот дел од сезоната за оваа средба очекувано е во стартниот тим место да добие Ендрју Робертсон.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Робертсон во Ливерпул пристигна минатото лето и тоа беше трансферот на кариерата за овој фудбалер, а медиумите успеаа да „ископаат“ еден интересен негов Твит пред шест години.

Во тоа време тој имаше 18 години и настапуваше за клубот од третата Лига во Шкотска Квинс Парк ФК (не оној од Англија). Робертсон во тоа време изгледа се соочувал со одредени проблеми па напишал:

„Животот без пари во овие години е навистина сра*е“, со хаштаг „ми треба работа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…