Дома Фудбал Германија Од готово – вересија: Леверкузен спаси чест и бод против тимот на Волфсбург

Од готово – вересија: Леверкузен спаси чест и бод против тимот на Волфсбург

Екипата на Баер Леверкузен и покрај водството од два гола разлика мораше да спасува пораз во дуелот со Волфсбург на последниот натпревар од 26.коло од Бундес лигата одигран синоќа.

Баер поведе со головите на Карим Беларди во 40.минута и на Кевин Воланд во 65.минута. Гостите од Волфсбург со хет трикот на Марио Гомез (80.минута, 83.минута и 87.минута) поведоа со 3:2, а конечните 3:3 ги постави Каи Хавец во 89.минута.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На вториот натпревар одигран вчера Инглоштат го победи Мајнц со 2:1.

Резултати на другите дуели од 26.коло: Ајнтрахт – Борусија Менхенгладбах 0:0, Баерн – Аугсбург 6:0, Фрајбург – Вердер 2:5, Хамбургер – Келн 2:1, Лајпциг – Дармштат 4:0, Шалке – Борусија Дортмунд 1:1 и Херта – Хофенхајм 1:3.

Табела: Баерн 65 бодови, Лајпциг 52, Хофенхајм 48, Борусија Дортмунд 47, Херта 40, Келн 37, Ајнтрахт 37

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Една лига следната сезона ќе има дури шест екипи во Лигата на шампионите

Познати се финалистите на Лига Европа за сезоната 2024/25. Во полуфиналето немаше изненаду…