На Мундијалите сме биле сведоци на многу невообичаени ситуација, а во овој текст ви ги пренесува сигурно едни од најбизарните кои се случиле на најголемиот фудбалски собир.
Физиотерапевт се онесвестил самиот себе
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На првиот Мундија во Уругвај 1930 година репрезентативецот на САД остана да лежи на теренот после еден дуел, а потоа арбитрот повика помош. Додека физиотерапевтот трчаше кон играчот му падна торбата, кога ја подигна тој се онесвести. Подоцна е утврдено дека вдишил хлорофор бидејќи при падот на торбата пукнало едно од шишањата кои имале таква супстанца.
1.600 пиштоли
На Светското првенство во Ургвај истата година во финалето играа Уругвај и Аргентина. Навивачите на Уругвај на стадионот во Монтевидео се обиделе да внесат околу 1.600 пиштоли кои им биле запленети од полицијата при претресот.
Гејмери во соблекувалната
Јужна Кореја приреди вистинско чудо со пласманот во полуфиналето на Мундијалот 2002 година кога заедно со Јапонија беше домаќин на турнирот. Пред полуфиналето со Германија, селекторот Гус Хидинк одлучил на посебен начин да ги мотивира своите фудбалери. Тој ги повикал најдобрите јужнокорејски гемјери, односно мајстори на играта „Старкрафт“. Неговиот метод не успеа бидејќи Германија во тој натпревар победи со 1:0.
Не се враќајте дома
На Светското првенство Западна Германија, Заир не помина баш најдобро. Заирците беа поразени од Југославија со 9:0, целото нивно учество го обележа потегот на Жозеф Илунга во натпреварот против Бразил. Илунга при рзултат 0:3 за Бразил истрча од живиот ѕид и ја шутна топката која се спремаше да ја упати Ривелино. Подоцна било утврдено дека диктаторот во таа земја, Моботу Сасе Секо, не можел да го поднесе големиот пораз од Југославија, па им се заканил да не се враќаат во татковината доколку изгубат со 4:0.
Трофеј под креветот
Светското првенство во периодот помеѓу 1938 и 1950 не се играше поради Втората светска војна. Последни освојувачи биле Италијаните, па пехарот бил чуван во една банка во Рим. Тогашниот претседател на ФИФА, Оторино Бараси го земал од банката и го чувал во својот дом под креветот со цел да ги спречи фашистите да стигнат до него.
Припреми во затвор
Пред турнирот во Бразил 1970 година, Англичаните одлучиле да одат во Колумбија со цел да одиграат припремен натпревар со домаќинот во главниот град Богота. Англиската ѕвезда и капитен Бони Мур го искористил слободното време да и купи подарок на својата сопруга. Но, неговото купување подарок тргнало во погрешна насока. Мур бил уапсен под соменвање дека украл ланче од една златара. Бидејќи полицијата не можела да докаже дека постоела кражба, Мур бил пуштен, но неколку дена подоцна повторно го уапсиле и го држеле во притвор четири дена после што случајот целосно бил отфрлен.