Дома Фудбал Германија Од бегалски камп, преку газење лешеви, до финале во Лига на шампиони

Од бегалски камп, преку газење лешеви, до финале во Лига на шампиони

Ѕвездената прва сезона на Алфонсо Дејвис во минхенски Баерн го привлече вниманието на сите љубители на фудбалот, но неговата одлучност да успее доаѓа од неговото детство кое го одбежелаа војни и сиромаштија.

Од селење по светот и нов почеток во животот, преку пишување спорска историја во Северна Америка и блесок во Германија – еве како изгледа приказната за Алфонсо Дејвис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога ќе погледнам од каде дојдовме, бегалски камп без храна и облека, па гледам каде сме денес, горд сум на него“, изјави неговиот татко.

Неговите родители Дибиа и Викторија поради граѓанската војна мораа да избегаат од Либерија, а „среќата“ ја нашле во Гана каде е роден нивниот син, Алфонсо. Во Гана немаше војна, но тоа не му олеснуваше на семејството Дејвис кое сето време беше затворено во бегалски камп.

„Моравме да бидеме вооружени. Беше практично невозможно да живееме таму. Не го сакав тоа, па решив да аплицирам за имиграција во Канада. Не очекував многу, но за среќа успеавме да се преселиме во Едмонтон“, раскажува таткото на фудбалерот.

„Дома во Либерија, моравме да газиме преку починати тела за да дојдеме до храна. Беше многу страшно. Најдобро беше да си заминеме“, се сеќава мајката на Алфонсо.

Не било лесно, родителите на Алфонсо морале да работат прекувремено, додека тој се грижел за неговите двајца помлади браќа, но со запишувањето во католичко училиште, се се смени.

„Со што и да се зафатеше, тој беше подобар од сите. Трчање, кошарка, било што. Тој беше прекрасно дете, секогаш насмеано и ширеше позитивна енергија околу себе“,  рече Мелиса Гуко, која работела како тренер во училиштето.

Наскоро го забележа првиот човек на фудбалската академија „Сент Николас“, кој веднаш го донесе по еден натпревар, за да на 14-годишна возраст да се приклучи на развојниот тим на МЛС тимот на Ванкувер Вајткапс.

Тој стана најмладиот дебитант во историјата на УСЛ лигата на само 15 години и три месеци. Со помалку од 16 години, тој го направи своето деби во МЛС лигата за Ванкувер, што привлече внимание од најголемите европски клубови.

Дејвис се определи за Баерн, кој издвои 10.000.000 евра за него, што го направи најскапиот играч во МЛС лигата во март минатата година. Беше доведен како лево крило, доби шанса како лев бек и веднаш ги импресионираше сите.

Неговите импресивни партии во Бундеслигата и Лигата на шампиони му овозможија да добие побогат договор до 2025 година и секако најава за една блескава кариера.

„Му благодарам на Бог за неговиот живот. Сакам да продолжи да го работи ова и да се развива што повеќе. Тоа ни го вети кога заминуваше. Знам дека ќе го исполни ветувањето“, вели мајката Викторија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…