Дома Топ вести Од Барселона си заминува дури половина тим, а еве и кој доаѓа !

Од Барселона си заминува дури половина тим, а еве и кој доаѓа !

Новиот тренер на Барселона ќе направи и нова чистка во соблекувалната. Старо фудбалско правило е дека кога клупата ќе ја превземе нов менаџер, се покажува и Барселона.

Ернесто Валверде го наследи Луис Енрике и веднаш започна да прави „нова“ Барселона, со тоа што ќе доведе нови фудбалери и ќе направи чистка во соблекувалната.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од Барселона си замина менаџер кој не беше на нејзиното ниво, а откако тимот во третата и последната сезона под негово водство започна да го намалува успехот од година во година, време е за отстранување на играчи кои докажаа дека не се способни да се справат со Реал и Јувентус, односно да ги освојат титулите во шпанското првенство и ЛШ. Осојувањето на Купот на Кралевите во никој случај не ги задоволува целите на Барселона, па оние кои не се докажаа ќе мораат да заминат.

„Diario OK“ пишува дека Валверде на трансфер листата ставил буквално половина од 18. играчи од првата екипа и од клупата. Отпишани се Алекс Видал, Жереми Матје, Лукас Дињ, Жорди Алба, Арда Туран, Пако Алкасер, Денис Суарез и Иван Ракитиќ кој неодамна го продолжи договорот со Барселона.

Напаѓачкото трио МСН секако е недопирливо, а тие и понатаму ќе ја предводат традиционалната формација на Барселона 4-3-3. Новиот менаџер освен целосната реконструкција на тимот, како прва цел го истакнал продолжувањето на договорот со Лео Меси.

Големата распродажба на Барселона би можела да им донесе околку 150 милиони евра, што во летниот трансфер период ќе бидат вложени за засилувања на клучните места, односно на местата каде што минатата сезона се покажаа како дупка во тимот.

Валверде сака два играчи за врска, десен бек и стопер. Првата цел за обнова на средниот ред е Андер Ерера, но играчот кој Валверде го водеше во Билбао, изјави дека не сака да го напушти Манчестер Јунајтед. А од „Олд Трафорд“ во никој случај не би го пуштиле за помалку од 50 милиони евра.

Доколку Јунајтед и Ерера продолжат да бидат тврдоглави, Валверде има уште две мети за новото срце на теренот, а тоа се Стивен Н`Зонзи од Севиља и Ману Тригерос од Виљареал.

Старата желба за десен бек е Хектор Белерин, додека Валверде на стоперската позиција сака да види уште еден играч кој го водеше во Билбао, францускиот Емерик Лапорт.

 
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…