Пред неколку денови се појавија шпекулации дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за фудбалерот на Барселона, Ансу Фати.
Наводно „ѓаволите“ посакувале да го ангажираат играчот доколку не успеат да го донесат Џејдон Санчо.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
По ваквите најави со коментар се јави и директорот на Барселона, Ксавиер Вилајоана кој ги негираше сите написи.
„За нас нема никакви приказни за Ансу, никогаш не сме зборувале за негово продавање. Нема да користиме играчи од академијата за да правиме пари. Всушност, ние немаме намера да продаваме играчи за кои веруваме дека ќе успеат вопрвиот тим“ –изјави Вилајоана.