
Tрката за шампионската титула најверојатно ќе заврши со победа на Вардар, а следи и битката во Купот на Македонија на која домаќин ќе биде Кавадарци.




Тиквеш како организатор на настанот ги објави цените на билетите. Билетите во продажба се пуштаат во петок и ќе може да се купат по цена од 150 денари.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Почитувани, со огромна чест и задоволство ви го најавуваме ракометниот Куп на Македонија 2022 година за мажи и жени кој ќе се одигра овој викенд во салата „Јасмин“, Кавадарци.




Од утре (петок), од 12:00 часот на билетарницата во „.Јасмин“, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари. Се надеваме на успешен ракометен Куп на Македонија, одигран со спортски дух и убава атмосфера. Нека победат подобрите“, соопштија од Тиквеш.
