Жозе Мурињо имал жесток говор во соблекувалната откако неговата Рома била елиминирана од Интер во четвртфиналето од Копа Италија. Детали од неговото излагање пред фудбалерите беа објавени во јавноста.
Најголемо внимание привлече реченицата во која Мурињо им порачал ако немаат „мади*а да одат да играат во Серија Ц.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После ваквата споредба на Мурињо во италијанските медиуми се огласи Роман Петричоне кој денес игра за Цитаделa во Серија Б, но во кариерата играл и во третото по ранг натпреварување во Италија. Кариерата Петричоне ја започна во Милан.
„Во серија Ц ми плукаа во лице, ми ставаа прсти во очи, ми се закануваа во тунелот…Такви работи во Серија А никогаш не ми се случиле во Серија А. Кога се зборува за Серија Ц можеби подобро да се зборува за техничките квалитети, тие секако се поинакви“, порача капитенот на Цитадел кој зад себе има настапи во Серија А, Б и Ц.