Продолжува со одложувањето натпревари во Премиер лигата поради позитивни случаи на ковид-19.
Место десет во следното коло ќе бидат одиграни пет натпревари. Одложени се дуелите: Мачестер јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас, Вест Хем – Норич и Евертон – Лестер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку не се појават дополнителни проблеми би требало да се одиграат натпреварите: Астон Вила – Барнли, Лидс – Арсенал, Вулвс – Челзи, Њукасл – Манчестер Сити и Тотенхем – Ливерпул.
Коронавирусот прави навистина големи проблеми, па поради тоа и тренерот на Брентфорд, Томас Франк претходно бараше да се одложи целото коло.
„Бројот на заразени со коронавирус расте во сите клубови во Премиер лигата и поради тоа сите имаат проблеми. Треба да се одложи целото коло овој викенд и Лига Купот и тоа на сите би ни дало барем една недела да се расчисти ситуацијата и да се прекине овој ланец. Со таква одлука би биле сигурни дека програмата за „Боксинг деј“ ќе се одвива според планот“, изјави Франк додавајќи дека во неговиот клуб има 13 позитивни случаи.