Дома Фудбал Италија Одлични вести за Јувентус: Буфон се врати на тренинзите

Одлични вести за Јувентус: Буфон се врати на тренинзите

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се врати на терените после два месеци пауза поради повреда на бутниот мускул.

Буфон последен пат бранеше на натпреварот против Наполи, натпревар во кој неговиот тим славеше победа со 1:0 на „Сан Паоло“ на 1 декември, а од тогаш имаше проблем со бутниот мускул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот Масимилијано Алегри после победата против Џенова во понеденилкот истакна дека капитенот на „старата дама“ ќе започне да тренира оваа недела, а 39 годишникот токму тоа и го направи.

Јувентус оваа вест ја потврди со видео снимка на својот официјален Твитер профил, а Буфон ќе биде во комбинација за натпреварот овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус не може гол да даде, Тудор го прашаа за откааз – еве што одговори!

Јувентус загуби од Лацио и продолжи низата натпревари без победа, како и без постигнат гол…