Дома Фудбал Англија Одлична вест за Клоп: Ливерпул повторно може да смета на еден од најважните фудбалери

Одлична вест за Клоп: Ливерпул повторно може да смета на еден од најважните фудбалери

Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон е во конкуренција за утрешниот натпревар од Лига Купот со Фулам.

Тој се врати на нормалните тренинзи по повредата на рамото што ја заработи против Шпанија во октомври додека настапуваше за Шкотска и утре Јирген Клоп ќе може да смета на него.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Костас Цимикас најчесто го заменуваше, но потоа Гркот исто така неодамна заработи повреда на рамото против Арсенал, поради што Клоп мораше да импровизира со Џо Гомез како лев бек. Дополнително се повреди и Трент Александар-Арнолд, заедно со Доминик Собослај.

Но, сите освен Цимикас се многу блиску до враќање и би можеле да играат против Норвич викендот во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На повидок изненадување: Бернардо Силва потпишува за друг гигант?!

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истек…