Дома Фудбал Англија Одигра 48 минути и си заработи 28 милиони евра

Одигра 48 минути и си заработи 28 милиони евра

ФИФА му нареди на Лидс да исплати 28 милиони евра на францускиот фудбалер, Жан-Кевин Агустин.

Агустин пристигна на позајмица во Лајпциг во јануари 2020 година. Лидс тогаш се обврза да го откупи неговиот договор ако избори пласман во Премиер лигата. Лидс влезе во Премиер лигата, но договорот не го откупи. Пред две години Лајпциг го тужеше англискиот клуб и со пресуда на ФИФА доби околу 20 милиони евра.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Тука не беше крајот на проблемите на Лидс бидејќи тужба добија и од фудбалерот. Агустин од ФИФА побара Лидс да му исплати комплетен петгодишен договор кој требаше да го потпише до јуни 2020 година. Сега светската куќа на фудбалот пресуди во негова корист.

Агустин за три натпревари собра 48 минути во Лидс. Кариерата ја започна во ПСЖ од каде што во 2017 година премина во Лајпциг, од минатата година игра за Базел.

За да ги добие споменатите 28 милиони евра треба да се почека и одлуката на Спортскиот суд за арбитража во Лозана каде што „лисиците“ испратија жалба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сатница од 9.000 евра: Еве каков договор одби Бруно Фернандеш за да остане во Манчестер јунајтед!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, кој со години наназад игра на врвно ниво, Бруно Фернандеш…