Италија е на нозе – Диего Годин пристигнува во Интер!
Само неколку дена откако во Шпанија се појави вест дека Атлетико Мадрид е во опасност да остане без искусниот стопер бидејќи му истекува договорот за шест месеци на „Чизмата“ одекна „бомба“ – Годин се договорил со Интер!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот трансфер гуру Џанлука Ди Марцио кој е практично запознаен со се што се случува во Серија А, па и пошироко објави дека Интер ќе донесе големо засилување во одбраната.
Диего Годин со Интер наводно ќе постигне договор на две години, со опција истиот да биде продолжен на уште една. Медицинските прегледи ќе бидат закажани во наредните две недели. Потписот со Интер Годин ќе го стави на 1 јули.
Ова е големо засилување за Интер и огромна загуба за Атлетико! Неверојатн ое како „јорганџиите“ ќе останат без човекот со кого имаат вербален договор за продолжување на соработката само неколку дена после затварањето на летниот преоден рок. Тогаш Годин ги одби Манчестер Јунајтед и Јувентус со ветување дека ќе потпише договор со Атлетико вреден пет милиони евра по сезона, но очигледно нешто се случило.