Дома Трансфер зона Одегард импресиониран од Клоп, сака во Ливерпул

Одегард импресиониран од Клоп, сака во Ливерпул

Мартин Одегард има желба на лето да се пресели во Ливерпул, доколку „црвените“ се договорат со Реал Мадрид.

Во моментов Одегард игра на позајмица во Арсенал и се претставува на високо ново, па „топџиите“ сакаат да го задржат за постојано.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Меѓутоа, весникот „АС“ пренесува дека Норвежанецот е импресиониран од Јирген Клоп и преферира да се пресели во Ливерпул.

Одегард смета дека на „Енфилд“ ќе има многу поголеми шанси да се бори за трофеи, а сака да остане во Премиер лигата.

Во последно време се тврдеше дека „кралевите“ немаат намера да се откажат од Норвежанецот и Одегард сигурно ќе се врати на лето.

Меѓутоа, од „Сантиаго Бернабеу“ го промениле мислењето и сега се спремни да преговараат со клубовите кои ќе испратат понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…