Дома Македонски спорт Одбојкарите ја победија БиХ, на ред е Турција

Одбојкарите ја победија БиХ, на ред е Турција

Најдобрите македонски одбојкари со победа ги започнаа квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонија рутински со 3:1 ја победи селекцијата на БиХ, во првиот меч од турнирот на кој игра и Турција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првиот сет се играше рамноправно, но го добивме ние со резултат 27:25, а во вториот Македонија заигра подобро и го доби со 25:21.

Гостите го освоија третиот сет со 23-25, но во следниот одигравме одлично и лесно го освоивме со 25-19.

Капитенот Никола Ѓоргиев очекувано беше најдобар во нашиот табор и со 25 поени беше и најефикасен на теренот.

Фото: ОФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…