Крилниот напаѓач на Челзи, Калум Хадсон – Одои е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“, а кариерата би требало да ја продолжи во градскиот ривал Фулам.
22-годишниот Англичанец важеше за еден од најголемите таленти на Островот и пред три сезони интерес за него покажуваше минхенски Баерн.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Но Челзи тогаш не сакаше да го продаде и ја одби понудата на германскиот гигант од 80 милиони евра.
Одои не го покажа својот потенцијал, па сега е блиску да го напушти Челзи за само 5 милиони евра.