Фудбалерите на Арсенал во наредниот натпревар против Вотфорд во Премиер лигата ќе бидат значително ослабени.
ФИФА „вирусот“ го зафати и тимот на Арсен Венгер кој после репрезентативната пауза не ќе може да смета на неколку фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од претходно беше познато дека Санти Казорла подолг период ќе биде надвор од терените како и Дани Велбек, а сега листата на повредени се зголеми за уште четворица.
Шкодран Мустафи заработи повреда и ќе мора да оди на кратка пауза, Лоран Кошчелни го напушти кампот на репрезентацијата на Франција поради проблеми со Ахиловата тетива, Месут Озил и понатаму има болки во коленото, а последен се повреди Калум Чемберс.
Натпреварот помеѓу Вотфорд и Арсенал се игра во сабота со почеток од 18:30 часот.