Фудбалерите на Тотенхем вчера направија чудо во Амстердам и со голем пресврт се пласираа во финалето од Лигата на шампионите.
Ајакс во првиот натпревар победи со 1:0, а вчера во реваншот на полувремето имаше предност од 2:0. Меѓутоа во второто следуваше целосен шок за нив, Тотенхем постигна три гола и победи со 2:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гостите брзо на стартот од второто полувреме со головите на Лукас Моура кој беше херој на Тотенхем изедначија на 2:2. Во последните секунди Бразилецот постигна уште еден гол за негов хет-трик и комплетен пресврт на англискиот тим.
Посебно е интересно што холандските новинари зборуваа токму за него.
Во една емисија пред овој натпревар холандскиот новинар, Валентајн Дриесен изјави дека Моура нема да даде гол за тоа што не е доволно добар.
„Моура можеш да го ставиш пред голот, но од него нема ништо да добиеш. Тој едноставно никогаш не постигнува голови. Него не морате да го чувате, тој не е опасен пред голот“, изјави Дриесен.
Valentijn Driessen, before the game: ''Moura never scores.'' #AJATOT #UCL pic.twitter.com/pIMGvt5dQW
— Football 24/7 (@foetball247) May 9, 2019
Што би кажал денес после хет-трикот на Моура?