Дома Топ вести Оворена војна меѓу Барса и Реал за новата шпанска ѕвезда!

Оворена војна меѓу Барса и Реал за новата шпанска ѕвезда!

На Европското првенство за млади во Посла се роди нова ѕвезда! Без никаков сомнеж Дани Себаљос ќе биде новата ѕвезда на шпанскиот и европскиот фудбал.

Играчот за врска кој неодоливо потсетува на Иниеста, е член на Бетис, па иако се тврдеше дека Реал Мадрид веќе го договорил неговиот трансфер, сепак на сцена стапи и Барселона.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Дани Себаљос е роден на 7-ми август 1996 година, а игра на позиција играч за врска. Започна во младинските категории на Севиља, а од 2011 година е член на Бетис кој во 2014 година му понуди професионален договор.

Со оглед на фактот дека Реал долго време одолговлекуваше со неговиот трансфер, Барселона имаше доволно време да реагира, а од целата ситуација најзадоволен е Бетис бидејќи цената на играчот постојано расте.

Во неговиот договор со Бетис стои откупна клаузула од 15 милиони евра, од кои 2 ќе му припаднат на играчот, а Реал е спремен да понуди 20 милиони евра.

Според шпанските медиуми Барселона веќе го контактирала Бетис, па сумата сигурно ќе „скокне“ во наредните денови.

Бетис исто така има план веднаш после Европското првенство да му понуди нов договор на играчот со нова откупна клаузула од 30 милиони евра.

Ако им се верува на неговите профили на социјалните мрежи Сабељос повеќе ја сака Барселона – па останува да видиме за кој клуб ќе се одлучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…