Реал Мадрид, судејќи според пишувањата на шпанските медиуми, ќе доживее големи промени во играчкиот кадар во текот на летото.
Кралевите наводно сакаат целосен ремонт на тимот и се поизвесно е дека од следната сезона ќе гледаме некој нов Реал, а веќе уште сега е јасно дека дека дефанзивната линија ќе ја засили стоперот на Порто, Еден Милитао, кој и сам потврди дека пристигнува на Бернабеу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На листата на желби на Перез е и Еден Азар , а тука се спомеуваат уште и Дибала и Хари Кејн, но се уште се во доменот на шпекулации.
Промените кои се најавуваат во мадридскиот клуб ги прокоментира и Мајкл Овен, кој исто така имаше прилика да игра за Реал и тоа во времето кога играа Ел Феномено, Зидан, Раул, Карлос, Бекам, Фиго…
„Зизу е повторно на тронот, а со него ќе пристигнат и засилувања. Веќе го купија Милитао од Порто, а читам дека го сакаат Азар и Нејмар. Кога и да се случи сезона под очекувањата Флорентино троши многу пари на засилувања, а така ќе биде и сега.“ – изјави Овен, кој на Бернабеу помина само една година.
Тој мисли дека денеска има многу малку играчи кои можат да бидат засилување за Реал.
„Мислам дека на светот нема повеќе од десет играчи кои можат да бидат засилувања за Реал. Нема да зборувам за имиња, но нема многу кои можат да играат за Реал и да донесат вистински квалитет. Ќе го чекаме потегот од клубот, а верувам дека трансферите ќе бидат во стилот на Реал, кралски.“