Дома Фудбал Останато Ова се случува за прв пат во историјата на доделувањето на Златната топка

Ова се случува за прв пат во историјата на доделувањето на Златната топка

„Франс Фудбал“ кон крајот на оваа година ќе ја додели Златната топка за најдобар играч во светот за 2019 година.

Минатата година Златната топка ја освои Лука Модриќ што беше големо изннадување за сите, а хрватскиот репрезентативец така ја прекина десетгодишната доминација на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Многумина веруваат дека „Франс Фудбал“ тоа го направи за да ја освежи фудбалската сцена, но за поголемиот дел од јавноста Модриќ беше погрешен избор.

Вчера „Франс Фудбал“ ги објави 30-те кандидати кои се во конкуренција за овогодинешната Златна топка и на таа листа не се најде Модриќ. Тоа е прв пат во историјата еден победник од минатата година да го нема помеѓу 30-те кандидати за наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …